Е-Општина Кичево

Добредојдовте на системот за електронско пријавување на проблеми

Почитувани сограѓани,

Со цел да Ви се овозможат услови за побрзо и навремено доставување на Вашите проблеми, општина Кичево го воведе електронскиот систем за пријавување на проблеми. Доколку Вашите проблеми, пријави и забелешки, се од комунална природа, т.е од долунаведените теми, општинската администрација е расположена Веднаш по приемот на проблемот да пристапи кон негово адекватно решавање.

Системот е достапен во секое време од денот, седум дена во неделата, преку интернет порталот на Општина Кичево.

Ви благодариме на соработката,

Општина Кичево е секогаш на Ваша страна.

Упатство за користење на системот

Од листата на проблеми во менито на системот одберете го вашиот проблем. Во пријавата наведете ја точната адреса (улица и број) или поблиску опишете ја локацијата на која треба да се изврши интервенција. Напишете ги вашите контакт информации за да може да одговориме на вашата пријава и да ве информираме.

Што се можете да пријавите од листата:

Улично осветлување

  • пријавете дефект на улично осветлување.

Улици, патишта и тротоари

  • пријавете  оштетување на асфалт, бетон, камени коцки и бекатон;
  • пријавете работа на патишта, улици и тротоари 

Објекти склони на рушење

  • пријавете објекти склони на рушење: стари куќи, потпорни ѕидови и сл.

Урбана опрема

  • пријавете оштетување на урбана опрема: клупи, корпи за отпадоци и детски забавни паркови. 

Градба и дива градба

  • пријавете почеток на изградба на нов објект, доградба и надградба на постоечки објект.

Животна средина

  • пријавете непријатна миризба, загадување на амбиентален воздух, површински води (реки и езера);
  • пријавете долготрајна и честа појава на бучава од угостителски објекти, работа на машини и постројки.

Отпад

  • пријавете несовесно постапување со комунален, комерцијален, индустриски неопасен отпад, растителен отпад, отпад од пакување, отпадни масла, искористени (хаварисани) возила, проблеми со собирање и транспорт на отпад од ЈКП, отпад во приватен имот кој предизвикува нарушување на здравјето на луѓето, градежен шут на регионални патишта и во природа.

Кучиња скитници

  • пријавете присуство на кучиња скитници на јавна површина кои се болни и агресивни.

 

Јавно зеленило

  • пријавете уништување и узурпација на јавно зеленило, зеленило покрај улици, паркови, плоштади, кеј, културно историски споменици, јавни паркиралишта, детски забавни паркови, игралишта, гробишта.

 

Гробишта

  • Скрнавење на надгробни споменици во гробиштата.

 

Водовод и канализација

  • Пријавете секое течење на вода било да е од водовод или канализација;
  • Пријавете дефект на водоводна инсталација;
  • Пријавете ако има запушување на канализациона мрежа;
  • Пријавете паркирано возило над водоводна или канализациона шахтa;
  • Пријавете ако некој гради над водоводната или канализационата мрежа;
  • Пријавете ако некој врши ископ на подземната водоводна или канализациона мрежа;
  • Пријавете приклучок на водоводна или канализациона мрежа без присуство на овластени лица од јавното комунално претпријатие.

Сообраќајна сигнализација

  • Пријави потреба за поставување на сообраќајна сигнализација на одредени локалитети согласно сообраќајните прописи;
  • Пријави оштетување на постојната сообраќајна сигнализација.

Поддржано од УСАИД - Проект за локална самоуправа




©2011 Powered by ZELS