Почитувани сограѓани,

Општина Демир Хисар преку “Е-Општина – Пријави проблем“ апликацијата Ви овозможува во секое време од денот, седум дена во неделата, да пријавите комунален проблем кој нашите служби ќе се обидат да го решат во најкраток временски рок. Исто така овде ќе добиете информација до каде е решавањето на проблемот кој веќе сте го пријавиле.

Упатство за користење на системот “Е-Општина – Пријави проблем“

По притискањето на ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ oд листата на проблеми во менито на системот одберете го вашиот проблем. Во пријавата наведете ја точната адреса (улица и број) или поблиску опишете ја локацијата на која треба да се изврши интервенција. Напишете ги вашите контакт информации за да може да одговориме на вашата пријава и да ве информираме.

Што се можете да пријавите од листата:

Улично осветлување

  • пријавете дефект на улично осветлување.

Улици, патишта и тротоари

  • пријавете  оштетување на асфалт, бетон, камени коцки и бекатон;
  • пријавете работа на патишта, улици и тротоари 

Објекти склони на рушење

  • пријавете објекти склони на рушење: стари куќи, потпорни ѕидови и сл.

Урбана опрема

  • пријавете оштетување на урбана опрема: клупи, корпи за отпадоци и детски забавни паркови. 

Градба и дива градба

  • пријавете почеток на изградба на нов објект, доградба и надградба на постоечки објект.

Животна средина

  • пријавете непријатна миризба, загадување на амбиентален воздух, површински води (реки и езера);

Отпад

  • пријавете несовесно постапување со комунален, комерцијален, индустриски неопасен отпад, растителен отпад, отпад од пакување, отпадни масла, искористени (хаварисани) возила, проблеми со собирање и транспорт на отпад од ЈКП, отпад во приватен имот кој предизвикува нарушување на здравјето на луѓето, градежен шут на регионални патишта и во природа.

Јавно зеленило

  • пријавете уништување и узурпација на јавно зеленило, зеленило покрај улици, паркови, плоштади, кеј, културно историски споменици, јавни паркиралишта, детски забавни паркови, игралишта, гробишта.

 

Гробишта

  • Скрнавење на надгробни споменици во гробиштата.

 

Водовод и канализација

  • Пријавете секое течење на вода било да е од водовод или канализација;
  • Пријавете дефект на водоводна инсталација;
  • Пријавете ако има запушување на канализациона мрежа;
  • Пријавете паркирано возило над водоводна или канализациона шахтa;
  • Пријавете ако некој гради над водоводната или канализационата мрежа;
  • Пријавете ако некој врши ископ на подземната водоводна или канализациона мрежа;
  • Пријавете приклучок на водоводна или канализациона мрежа без присуство на овластени лица од јавното комунално претпријатие.

 

Сообраќајна Сигнализација

  • Пријави потреба за поставување на сообраќајна сигнализација на одредени локалитети согласно сообраќајните прописи
  • Пријави оштетување на постојната сообраќајна сигнализација.

Поддржано од УСАИД - Проект за локална самоуправа




©2011 Powered by ZELS